Известување за Меѓународен математички натпревар „Кенгур 2010“ Печати
Напишано од zoran   
на 19.02.2010, во 22:35 ч.

 А - 1 и 2 одделение од основните училишта или Б - 2 и 3 одделение од деветолетка

 А - 3 и 4 одделение од основните училишта или Б - 4 одделение од деветолетка  

 - 5 и 6 одделение од основните училишта

 - 7 и 8 одделение од основните училишта

 - 1 и 2 година од средните училишта

 - 3 и 4 година од средните училишта

Пријавување на учениците да биде до одговорните наставници кои ќе се пријават да учествуваат во спроведување на натпреварот. За ефикасно организирање на натпреварот пожелно е да се формира локални одбори ( за едно училиште, или за повеќе училишта заедно, а по можност и за еден град или регион) со одговорен наставник за контакт.)

За пријавување на натпреварот, секој ученик  треба да уплати по 120,00 денари, за покривање на трошоците за организирање на натпреварот. Минимален број на ученици во една пријава е 10.

Секој учесник на натпреварот ќе добие мала награда. За учениците со најдобри резултати предвидени се награди, дипломи, пофалби. Секое училиште кое има ученици на натпреварот ќе добие и книга со вкупните резултати од одржаниот натпревар.

За ефикасно спроведување на натпреварот, рокот на пријавување и уплата на средствата да биде извршено до 28 февруари 2010 година. (Уплатат на средствата да биде групна, а не секој ученик посебно)

Пријавувањето да биде задолжително по e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите и тоа напишано во Excel по овој редослед: Реден број, име и презиме на ученикот натпреварувач, одделение, училиште, град, село. Да се означи и одговорен наставник.

Последно освежено ( на 13.03.2010, во 03:31 ч. )