На 30 мај во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржа ЈММО2009 за ученици до 15,5 години. СММ честита на освојувачите на медали и пофалби и им посакува успех на учениците кои ќе учествуваат на Балканската јуниорска математичка олимпијата.
На 14 март 2009 на Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржа Републичкиот натпревар по математика за ученици од средните училишта.
Сојузот на математичарите на Македонија им честита на наградените и пофалените учесници и им посакува многу успех на учесниците на Македонската математичка олимпијада.